Quantcast
Channel: Култура – Kurir.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Три концерти на Трпчески во Јужна Кореја – азиска премиера на „Македонисимо“

$
0
0

Музичкиот проект „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите има азиска премиера на три концерти во Јужна Кореја, информира КултурОп. Во изјава за Македонското радио нашиот познат пијанист вели дека приемот е одличен, а единствена разлика е тоа што дел од публиката носи заштитни маски од претпазливост од коронавирусот. Се радуваме од реакцијата на публиката на темите од македонскиот фолклор, а нивната почит е изразена и со раритетна можност во програмата делата да бидат најавени и на кирилица, на македонски јазик, изјави Трпчески, користејќи ја можноста на своите домаќини да им ги честита четирите Оскари што ги освои филмот „Паразит“, подвлекувајќи ја уште еднаш и гордоста од двете номинации за македонскиот документарец „Медена земја“. Инаку, во „Македонисимо“ – новата димензија на македонската музика низ музичката обработка на нашиот композитор Панде Шахов, покрај Трпчески настапуваат и Александар Краповски на виолина, Хидан Мамудов на кларинет, саксофон и на кавал, зад удиралките е Влатко Нушев, а овојпат наместо Александар Сомов од Бугарија, на виолончело е нашиот Паскал Краповски. Поради големиот интерес за изведбата на „Македонисимо“ во Јужна Кореја, локалниот промотор YT на својот сајт ќе обезбеди и директен пренос од третиот концерт закажан за утре, 13 февруари. Светската премиера на „Македонисимо“ беше 18 мај 2017 година на музичкиот фестивал во Лудвигсбург, Германија

Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Trending Articles