![]()
Целта на третото издание на SkLAD е преку различни светлосни инсталации и перформанси, од 27-ми до 31-ви мај, SkLAD 2020 да испрати порака за еколошко одговорни пораки и свест, за помош во зашитата на животната средина и одржувањето на нејзините природни ресурси, со што ќе се потенцираат вредностите кои претставуваат живописен, нераскинлив и повеќе од потребен дел во нашиот град.
![]()
Фестивалот на светлината “Skopje Light Art District 2020” претставува уште една атракција во главниот град, фокусирајќи се на креативната енергија за поврзување на историјата, симоболот на градот – стариот Камен мост со убавините на Градскиот парк. Градскиот парк во Скопје, белите дробови на нашиот град, не се само зелена и мирна оаза, туку и уникатно место за уживање за кое треба да се грижиме и на кое треба да бидеме горди.
![]()
Отворениот јавен повик трае до 1.3.2020, а право на учество имаат сите заинтересирани автори кои креираат во сферата на светлосната уметност, светлосните инсталации, видео арт технологијата, или пак го користат светлото како главен израз на визуелно и уметничко изразување.
![]()
За дополнителни информации околу начинот и условите за аплицирање заинтересираните уметници можат да го посетат веб сајтот на фестивалот:
https://www.skopjelightartdistrict.com/mk-call-2020.
Skopje Light Art District е основан во 2018-тата година, со цел да се создаде нов културно-општествен настан, кој својот фокус го има на светлосната уметност и светлината како медиум.
![]()
Skopje Light Art District 2020 е во организација на ЈУ Универзална Сала – Скопје, а финансиски поддржан од Град Скопје.