Quantcast
Channel: Култура – Kurir.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

„Реалисти“ во Струмица

$
0
0

Реалисти е пиеса која на духовит начин укажува на кризата на либералниот капитализам и на последиците од овој систем врз поединецот. Во претставата се инсистира на чист и едноставен актерски израз со силни емотивни состојби, кои на комичен начин го исмеваат современиот живот, преку кој барајќи ја перфекцијата, се убива емпатијата, љубовта и пред се човечноста. Таа а е глас за меѓусебно разбирање, кој треба да не обедини во реакцијата кон суштинските современи и универзални проблеми. Автор на претставата е Јелена Кајго, режисер е Срѓан Јаниќијевиќ, а ќе настапат, Ивица Димитријевиќ - Грегор, Владимир Петровиќ - Предраг, Нина Деан Гачиќ - Соња, Ивана Павлаковиќ - Гордана и Стефан Вујисиќ - Ратко. Претставата е во продукција на „Спона“ и че се одржи на 20 декември Народен Театар "антон Панов" - Струмица, а истата ќе биде изведена на српски јазик. Билетите ќе се продаваат на билетарата на Народниот театар по симболична цена од 100 денари.

Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Trending Articles