Quantcast
Channel: Култура – Kurir.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Божиќен концерт на хрватската машка клапа Подворје во Битола

$
0
0

Хрватскиот машки вокален состав Подворје од Каштел Суќурац, вечер во Битола ќе одржи Божиќен концерт. Домаќини и организатори на културниот настан се македонско-хрватското друштво и хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ” во соработка со НУ Центар за култура-Битола. Продолжуваме со традиционално одбележување на Божиќ и со гостување на ансамбли и групи од градови од Хрватска или места на Балканот, каде дејствуваат хрватски здруженија. Културните гостувања и соработки траат долги години, а се со цел презентирање и запознавање на македонската јавност со богатата хрватска култура и традиција, информираа од КЦ „Марко Марулиќ“ во пресрет на вечерашниот божиќно-новогодишен концерт во Битола. Во текот на своето 25 годишно постоење, културниот центар „Марко Марулиќ“ организирал бројни гостувања на хрватски здруженија, ансамбли и уметници во Битола, но и настапи на македонски театри, уметници, ансамбли во Хрватска. 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Trending Articles