Quantcast
Channel: Култура – Kurir.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Филмска вечер во Кинотеката на Македонија по повод јубилејните 60 години од основањето на Академскиот кино клуб од Скопје- Влезот е слободен

$
0
0

По повод јубилејните 60 години од основањето на Академскиот кино клуб од Скопје, утре ќе се одржи филмска вечер во Кинотеката на Македонија со почеток во 20 часот. Во рамки на прославата ќе се одржи проекција на првиот снимен филм од страна на членовите на клубот со наслов „ПРВ ДАВАМ КАМЧЕ“, како и проекција на повеќе кратки филмови направени од страна на членовите на Академскиот кино клуб низ 60 годишното постоење на АКК-Скопје. -Академскиот кино клуб, воедно Ве поканува да присуствувате и на втората вечер во Кинотеката на Македонија, на 26.10.2019 г. (сабота), во истото време (20 ч), кога нашите филмски пријатели од ГФР филм-видео клубот од Пожега, Хрватска, ќе претстават ревија од нивниот Хрватски фестивал на едноминутни филмови. Овој фестивал секоја година се одржува во градот Пожега во Хрватска, од 1993 г. до денес, и истиот е со веќе стекнато реноме на кој учество земаат бројни филмски автори од околу 50-тина земји од светот, велат од АКК. Влезот за двете вечери е слободен.

Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Trending Articles