
Наградата Ана Франк ќе ја прими Сунчица Дениќ, декан на Педагошкиот факултет од Врање (Србија), додека наградата Златен прстен ќе му биде врачена на познатиот македонски поет, критичар и есеист Санде Стојчевски.
На средбата, на штандот на издавачката куќа „Феникс“, ќе биде претставен и истакнатиот српски поет Мирослав Михаиловиќ, основач и координатор на манифестацијата Борина недела во Врање.
Промоцијата ќе биде заокружена со претставување и на најновата поетска книга „Гулаб и ноќ“ од Христо Петрески, во издание на „Феникс“.