Quantcast
Channel: Култура – Kurir.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Тихомир Јанчовски прв прави промоција на аудио книга во Македонија

$
0
0

За прв пат македонската публика ќе има можност едно дело да го слуша во аудио формат. Во среда со почеток во 20:30 во Планетариум (МКЦ) ќе се одржи промоцијата на аудио верзија од поетскиот роман„Лидија или се што знам за жените“ од реномираниот македонски автор Тихомир Јанчовски. Овој поетски роман е издаден одамна, но за прв пат пред македонските читатели ќе биде испромовиран во аудио форма. Според модераторката на настанот, Магдалена Стојмановиќ овој настан е од исклучително значење бидејќи е пионерски проект за помирување и интеграција на технологијата и уметноста. -Со тој обид покажуваме дека технологијата не е загрозување на уметноста, туку напротив може да ја негува и унапредува. Аудио книгите се погодни за луѓе што многу патуваат или немаат доволно време да посветат само на читање на книгата, вели Стојмановиќ. Освен обраќање на модераторот, македонската публика ќе проследи и инсерти од аудио книгата збогатени со визуелни ефекти во „Планетариум“. Јанчовски важи за еден од најпознатите современи македонски автори кој издава поетски романи, збирки поезија и се занимава со преведувачка дејност.

Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Trending Articles