![]()
Прва самостојна изложба на иконографска резбарија на Мирче Аврамоски ќе биде отворена вечерва во Уметничката галерија во Тетово.
Ќе бидат претставени 40 икони изработени со резба на ореово дрво кои се дело на 34-годишниот Аврамоски.
Иконите ќе бидат изложени една недела, односно до следниот вторник, 30-ти август.
(МИА)