Quantcast
Channel: Култура – Kurir.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Завршија деветите „Струшки книжевни средби“

$
0
0

Со доделување на наградите „Книжевна далга“ и „Бранувања“ во Струга заврши 9-тото издание на фестивалот „Струшки книжевни средби“. На манифестацијата, која изминатите три дена се одржуваше во Струга, Охрид и Вевчани, во организација на културниот центар „Бран“ и ревијата „Бранувања“ учествуваа 50 поети од земјава и странство. Во рамки на фестивалот покрај врачувањето на наградите „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“ на Даниела Андоновска – Трајковска и Игор Крајчев, беше доделена и постхумно благодарница на Владо Малески за уметничкиот влог во создавањето на химната и неговиот придонес во градењето на слободна Македонија. Во Спомен домот на Браќа Миладиновци се одржа стручна работилница на тема „Придонесот на списанијата во развојот на современата македонска култура и уметност: 75 години од ослободувањето. Учесниците имаа можност да читаат поезија на различни локации во Вевчани, Струга и во Охрид. (МИА)

Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Trending Articles