
Арсовски е избран на редовен конкурс, по завршување на четиригодишниот мандат досегашната директорка на Фестивалот, Елизабета Јанкуловска. Арсовски во периодот од 2007 до 2010 година беше директор на Македонската опера и балет.
Арсовски е познат и како долгогодишен организатор на Виенскиот бал во Скопје.
Фестивалот Охридско лето се одржува од 12 јули до 20 август, а годинава ќе се одржи 56-то издание.