
„Рациново признание“ се доделува за прозна книга која е иновација во форма, структура и содржина и која ја одбележала годината меѓу двете „Рацинови средби“.
Право на учество на конкурсот имаат сите издавачи кои во периодот од јуни 2015 до април 2016 година објавиле прозни дела на македонски автори.
Конкурсот ќе трае до 5 мај 2016 година. За наградата одлучува стручно жири. Делата, во четири примероци, треба да се достават на адреса: Општина Велес, За културна манифестација „Рацинови средби“, ул. „Панко Брашнар“ бр.1, 1400 Велес.