Quantcast
Channel: Култура – Kurir.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Премиера на „Класот Х“ на Театар Пи

$
0
0

Во Центарот за култура во Ѓорче Петров вечер од 19 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Класот Х“ на Театар Пи, која го актуелизира проблемот на непостоење солидарност и емпатија кон лицата што се на маргините на општеството. Темата, како што најави театарот, е  жестока, интензивна и вознемирувачка и ја открива сликата на нашата реалност во образованието. Раскажува за млади и сиромашни луѓе од дисфункционални семејства, кои израснале во најтешки околности и изолирани не по своја вина. -Виновно е општеството, виновни се училиштата и медиумите кои не се занимаваат со нивните проблеми. Ние решивме да им дадеме право на глас и да зборуваме во нивно име. Уметноста треба да биде гласот на оние кои глас немаат, соопшти Театар Пи во најавата на својата трета претстава во оваа година. Режијата е на Златко Митрески и Македонка Илиевска, а играат ученици од ООУ „Јоаким Крчоски“. Влезот за посетители е слободен.  МИА

Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Trending Articles