Quantcast
Channel: Култура – Kurir.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Изложба на стрипови во Струга

$
0
0

Во галеријата „Вангел Коџома“ вечер ќе биде отворена стрип изложба „Стрип бран – стрип насекаде“, на која ќе бидат претставени наградени стрипови од последниот Интернационален стрип салон во Велес и дела од повеќегодишниот опус на македонски автори. На настанот ќе бидат промовирани изданијата на Стрип центарот на Македонија, односно стрип книги и списанијата „Креатор“ и „Стрип алманах“. Како што најавија организаторите, музејот „Доктор Никола Незлобински“ и центарот за кутлруа „Браќа Миладиновци“, ќе бидат претставени стрипови на македонски и албански јазик. Целта на настанот, како што посочуваат е развој на стрип културата во Република Македонија. Проектот е финансиран преку програмата „Нов културен бран“ на Министерството за култура на република Македонија. МИА

Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Trending Articles