Quantcast
Channel: Култура – Kurir.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Изложба на Дороти Пачкова поттикната од стереотипите за самохраните мајки

$
0
0

Уметницата Дороти Пачкова вечер во Охрид ќе отвори седма самостојна изложба насловена „Уште што друго сум освен што сум канцер во општеството?“. Авторката била поттикната од стигматизирањето и дискриминацијата  на жените, особено на самохрани мајки, а целта и е со овој проект да влијае на културните ставови и да ги трансформира стереотипите. Изложбата содржи 20 концептуални фотографии на жена во различни ситуации од нејзиното секојдневие. - Фотографиите референцираат на првите феминистички фотографии, но во современ контекст и преку перспектива на сингл-мајчинство. Свесно се доведени до радикално нагласување на успешноста на жената, токму поради потребата да се излезе од дисфункционалниот  матрикс наметнат директно и индиректно. Целта е и да и претстави на пошироката публика какви се способности може да имаат жените, и посебно - да еманципира дека сингл-мајките не се канцер на општествата, истакнува Пачкова. Со проектот авторката, како што вели, сака да поттикне и феминистичко-уметничка, конструктивно-критична маса која ги истражува дискриминацијата, сексуалната објективизација, угнетувањето, патријархалноста, стереотипизирањето и слични родови проблеми. Изложбата е патувачка и покрај во Охрид, ќе биде поставена и во Струга, Тетово, Штип, Битола и Скопје. МИА

Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Trending Articles