Quantcast
Channel: Култура – Kurir.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Гостување на камерниот хор „Херувими“ во Унгарија

$
0
0

Камерниот хор „Херувими“ денеска ќе има  концерт во Козег, Унгарија, во рамки на 23. Интернационален летен универзитет „Европа во вителот на промените“. Гостувањето е резултат на соработката помеѓу Институтот за напредни студии од Козег и новоформираниот Институт за напредни студии „Логос“ од Скопје. На концертот ќе бидат изведени дела од Јоан Хармосин - Охридски, Андон Шахпаски, Манасиј поп Тодоров, Васил Иванов Бојаџиев, Јаков Протопсалт, Јане Коџабашија. Камерниот хор „Херувими“ досега има реализирано поголем број концертни настапи на разни домашни и меѓународни манифестации и е активен носител на програмата на Школата по црковно пеење од византиската традиција „Андон Шахпски“. Овој настап е дел од концертната дејност на хорот „Херувими“ преку која повторно оживуваат творбите од голем број  ракописи и печатени книги на црковното пеење од словенско-византиската традиција настанати на територијата на Македонија. (Миа)

Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Trending Articles