Quantcast
Channel: Култура – Kurir.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Промоција на книгата раскази „Океан од слики“ од Томислав Османли

$
0
0

Книгата раскази „Океан од слики“ од Томислав Османли вечер ќе биде промовирана во Културно-информативниот центар-Скопје. Делото го издаде издавачката куќа „Магор“ од Скопје. Книгата ќе ја промовираат професорите Лидија Капушевска Дракулевска и Владимир Мартиновски, а извадоци ќе чита актерката Ане Блажовски. Османли создава во повеќе диспиплини. Автор е на 23 објавени книги: проза, драмски текстови, сценарија, теорија и есеистика. Неговите книжевни творби се преведени на англиски, француски, полски, српски, хрватски, бугарски, романски, грчки, арапски..., како и на Ладино, јазикот на сефардаските Евреи. Со години се занимавал со филмска и театарска критика и публицистика. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Македонскиот ПЕН центар. Од 1976 година работел како новинар и уредник секогаш на рубрики или програми од културата, а денес е слободен уметник, писател, сценарист и драмски автор со бројни меѓународни референци. За својата разновидна уметничка и новинарска работа добитник е на близу дваесет награди.

Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Trending Articles