Quantcast
Channel: Култура – Kurir.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

„Балкански поетски Вавилон“ во ДПМ

$
0
0
knigi

Со настап на 20 членови на ДПМ и со стиховите на истакнати поети од Балканот, од Домот на македонските писатели ќе биде испратена порака дека различните јазици на кои пишуваат авторите се слеваат во универзалниот јазик на поезијата со кој се надминуваат сите бариери на патот кон разбирањето, толеранцијата,  соработката, меѓусебното запознавање и зближување.

Поетската порака ќе ја испрати Кристина Николовска, а стиховите ќе бидат читани на јазиците на кои создаваат авторите на Балканот и во Македонија: на македонски, албански, турски, српски, бугарски, грчки, словенечки, хрватски, влашки, бошњачки, ромски јазик.

На средбата во ДПМ ќе бидат читани и стихови, во оригинал и во препев на македонски, на поетите Костас Асимакопулос (Грација), Алеш Штегер (Словенија), Сретен Перовиќ (Црна Гора), Садик Бејко (Албанија), Петар Караангов (Бугарија), Адам Пуслоиќ (Србија), Абдулах Сидран (Босна) и Анте Стамаќ (Хрватска), сите добитници на наградата „Книжевно жезло“ што ја доделува македонската писателска асоцијација. Програмата ќе ја води Александра Велинова.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Trending Articles