Quantcast
Channel: Култура – Kurir.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Промоција на романот „Род“ на Миљенко Јерговиќ

$
0
0

Преводот од хрватски е на Владимир Јанковски, а промотори се Оливера Ќорвезироска и Владимир Јанковски. Промоцијата е дел од програмата Креативна Европа.

„Род“ на Јерговиќ е книга составена од повеќе целини – романи, документи, раскажувачки скици, фрагменти – во кои се менуваат фикционални и нефикционални делови и на совршен начин се мешаат реалното и измисленото…

Миљенко Јерговиќ (Сараево, 1966) е книжевник и новинар кој живее во село недалеку од Загреб. Првиот новинарски текст го има објавено во 1983 година, а првата поетска збирка „Опсерваторија Варшава“ во 1988 година. За неговата збирка раскази „Сараевско Марлборо“ (1994) година критичарите сметаат дека со неа почнува трендот на т.н. стварностна проза. Објавува уште неколку збирки раскази (Мама Леоне, Иншалах Мадона, Иншалах), како и десетина романи. За романот „Род“ во 2015 година ја добива наградата „Његош“.

Делата му се преведени на повеќе од дваесет јазици.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Trending Articles