
Театарот за деца и младинци во периодот од 9 до 14 март забележа голем успех на овој исклучително квалитетен фестивал на кој учествуваа 52 професионални театри за деца.
Публиката на фестивалот со воодушевување ги проследи сите четири изведби на претставата „Бескрајни соништа“, а исто така театарот доби позитивни критики и покани од страна на менаџери на други светски фестивали за учество во текот на оваа и идната година, соопштија од Театарот за деца и младинци.