
На симпозиумот, кој се одржува по повод месецот на Франкофонијата, ќе се обратат претседателот на МАНУ, Таки Фити и амбасадорот на Франција во Република Македонија, Лоренс Оер.
Излагања ќе имаат академиците Матеја Матевски, Момир Поленаковиќ, Живко Попов, Влада Урошевиќ, Глигор Чемерски, проф. д-р Лилјана Тодорова…
Собирот го организира МАНУ во соработка со Францускиот институт – Скопје.