
Како што најави ДПМ, ќе биде презентиран поетски портрет на словенечкиот писател и научник Милан Јазбец, актуелен амбасадор на Словенија во Македонија. За неговото поетско творештво ќе зборува поетот и литературен критичар Раде Силјан, претседател на Собранието на ДПМ.
На годинашниот „Балкански поетски Вавилон“ ќе учествуваат 20 автори – членови на македонската писателска асоцијација. Ќе бидат презентирани стихови на истакнати поети од Балканот, добитници на наградата „Книжевно жезло“, признание за творечки опус што традиционално го доделува ДПМ, а стиховите ќе бидат читани на јазиците на кои создаваат авторите на Балканот и во Македонија.