Quantcast
Channel: Култура – Kurir.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Документарен филм и африканска музика за крај на 16.ОФФест

$
0
0

Со музика од африканскиот континент вечер завршува годинашниот 16. Оффест. Во Дансинг салата на Младинскиот културен центар од 20.30 и од 22.30 часот се концертите на Кинг Ајисоба од Гана и Нура Минт Сејмали, водечки уметник од Мавританија.

Претходно, од 19 часот во кино Фросина ќе биде прикажан документарниот филм „Секоја песна има свој крај“, посветен на културолошкото богатство на традиционалната музика од Мали.

документарен филм

Кинг Ајисоба ги соединува ритмите на минатото и сегашноста и прави  екстреми – од енергични до нежни, смирувачки тонови, прави микс на традиционалните инструменти со електронска музика, хип-лајф (популарен стил во Гана од хип-хоп и хај-лајф). Во МКЦ ќе настапи со специјалниот гостин Зеа од познатиот пост-панк бенд „The Ex“, кој е продуцент на новиот албум на Ајисоба.

Публиката ќе слушне како звучат мавританските инструменти ардин и тидинит со ѕвездата од Сахара, Нура Минт Сејмали.

Нура Минт Сејмали

Инспириран од вонвременскиот репертоар на маварските гриоти, посебна каста поети и историчари, бендот на Сејмали предизивкува бура од хипнотички ритми и психоделичен рок бенд.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Trending Articles