Quantcast
Channel: Култура – Kurir.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

„Творечките дострели на македонскиот дух“- нова книга на Стефан Влахов-Мицов

$
0
0
stefan-vlahov-micov

Книгата е во издание на книгоиздателство Матица Македонска, и е поддржано од Министерство за Култура на Република Македонија.

Пред поголем број на познати личности од културата и општествениот живот на Македонија кои присуствуваа на промоцијата, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска ги истакна оригиналните придонеси на Стефан Влахов-Мицов за македонската литература и книжевна критика кои во оваа книга се содржани преку нов интерпретативен дискурс на големите писателски имиња од македонската историја и современост, од Кочо Рацин и Ацо Шопов, преку Блаже Конески и Анте Поповски, до Раде Силјан.

stefan-vlahov-2micov

Книгата е поделена на четири дела, од кои посебно се истакнува третиот дел со наслов „Македонската литература во светски рамки“, каде што авторот на специфичен начин ги реоткрива големите вредности на македонските писатели во контекст и споредба со светската литература.

Новите читања на познатите македонски писатели и поети кои се претставени во оваа книга на Стефан Влахов-Мицов несомнено ќе предизвикаат нов поттик за понатамошно откривање на македонското битие и поетски дух како основа на Македонија.

stefan-vlahov3-micov


Viewing all articles
Browse latest Browse all 3463

Trending Articles