
Филмот е во режија на Фолкер Шлендорф, снимен во 2014 година, со Андре Дисолие, Нилс Арестрип и Бургарт Клауснер, пишува МИА.
Филмот лани доби „Цезар“ за најдобра филмска адаптација, а актерот Нилс Арестрип беше номиниран за наградата „Цезар“ за најдобра машка улога.
Пред вечерашната проекција се најавени обраќања на амбасадорките на Германија и Франција, Кристине Алтхаузер и Лоранс Оер.
Филмот е со превод на македонски и на англиски јазик. Влезот за посетителите е бесплатен, со претходна резервација во Кинотеката на Македонија.